Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која денеска престојува во работна посета на Охрид, истакна дека полицијата интензивно трага по исчезнатите лица во Охрид
– Полицијата во сила ги стави сите свои ресурси. Секогаш кога станува збор за возрасни исчезнати лица тешко може да се процени моментот од кога може да се констатира дека нешто се случува, но секогаш кога исчезнувањето ќе се пријави се ангажираат сите располижливи сили на полицијата со цел да се откријат лицата по кои се трага, рече Јанкуловска.