По повеќе нуркања близу брегот на Доминиканската Република, екипа нуркачи од „Дип Блу Марин“, пронашле значајно богатство. Од морското дно ископале 700 сребреници и фигури, чија вредност би можела да достигне повеќе милиони долари. Сето пронајдено богатство е во добра состојба, иако датира од периодот на 16 век.
Ловците на богатство сметаат дека наишле на брод кој најверојатно исчезнал во ураган во 16 век. Веруваат дека тој брод бил на пат за Шпанија со свежо исковани монети. Нуркачите изјавиле дека една ваква слична монета пред неколку дена била продадена за сума од 132 илјади долари.