Два дена нуркачките екипи безуспешно трагаат по 25-годишниот Александар Марковски од Битола кој  исчезна во водите на Преспанското Езеро на втори мај. Во потрагата по Маркоски во саботата учествувал и меѓународниот инструктор по нуркање од Охрид, Милутин Секулоски. Тој ни изјави дека во потрагата се приклучил доброволно и чисто од хумани причини. Секуловски не информираше дека потрагата се одвивала тешко поради лошите услови  и дека најверојатно од денеска несреќниот битолчанец ќе го бараат специјалните полициски екипи.


Александар Марковски заедно со уште двајца другари по второмајскиот пикник со метално кајче без весла испловиле од брегот. Во тие моменти почнал да дува силен ветар по што момчињата се исплашиле и го напуштиле кајчето. Двајца од нив допливале до брегот, а Александар Марковски исчезнал.

ohridnews