Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“, во недела,, ќе ги вадат фрлените автомобилски гуми од Вардар.
Акцијата е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести.
Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ покренува ваков вид акции во насока на разбудување на совеста на граѓаните и зголемување на еколошката култура кај нас.
OhridNews
фото: Википедија