Поголема количина најразличен цврст отпад беше извадена од водите на Охридското Езеро на плажата во населбата Далјан во рамки на еко акцијата што денеска ја реализираше Клубот за нуркање „Акватек“ во соработка со нуркачи и волонтери од градот.

Пластика, лименки, ќилими и разна друга покуќнина беше извадена од езерските води, а на копно вредните еко активисти собраа поголема количина ѓубре.

На брегот поставен е уникатен контејнер – риба во кој може да се одлага сметот од посетителите на плажата, но, за жал, очигледно е дека еколошката свест на луѓето се уште е на ниско ниво.

Акцијата е дел од проектот „Зелена младина – Зелена иднина“ поддржан од ЕУ, УНДП и Општин Охрид.

Нуркачи и еколошки свесни граѓани ја светнаа плажата во Далјан

Г.М.