По налог на истражен судија специјални нуркачки екипи денеска извршија подводно пребарување на местото на кое се случи глисерската несреќа во која животрот го загуби едно лице, а неколкумина беа повредени. Тие ги извадија остатоците од пловните објекти вклучени во несреќата кои според најавите ќе бидат испратени на вештачење за да се утврдат причините за трагичниот настан.
Несреќата се случи на 22 август во вечерните часови кога во близина на каналот Студенчишта се судрија два глисери управувани од охриѓанецот Христијан Шапкар и Ирена Романова Муцунска од Скопје, која го загуби животот на лице место. Во несреќата потешко беше повредена сопругата на Шапкар, кој како и уште две лица во неговиот глисер се здобија со полесни повреди. Истрагата треба да биде комплетирана со вештачење на остатоците од глисерите по што предметот ќе биде предаден на јавното обвинителство.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com