Треба ли селекторот да понесе одговорност за очајно лошата такткичка поставеност и пристапот кон мечот. Немаше ништо од високите топки со кои ќе не нападнеа ирците, нашата пас игра која според селекторот ќе ни донесе игра , најчесто се одвиваше на нашата половина.
Новата улога на Пандев, како најистурен играч не даде никаков резултат. Капитенот беше отсечен од играта и имаше само една можност по центаршутот на Попов. Самоинцијативното враќање на Пандев во средината на теренот резултираше со асистенција и погодок на Тричкоски.
Попов и Шиков ретко го пробиваа ирскиот тим по бочните позиции, а благодарение на унгарскиот судија Грнчаров не го заврши мечот на стартот на вториот дел.
Единствено Демири беше освежување во средниот ред, додека ништо ново и не инветивно од повратникот во репрезентацијата Тасески и стандардниот Шумуликоски, од двоец од кој никој повеќе и ништо неочекува.
Време е и “борбениот“ Наумоски да се замисли за својата игра во националниот дрес, каде се посигурен е Тричкоски кој доколку беше поснаодлив ќе беше новиот македонски херој.
Но селекторот барем за сега не размислува за заминување, неговите оптимистички изјави дека ова е нашата шанса да го зграпчиме второто место отидоа во ветар и наместо сигурното четврто место на крајот ќе мора да се задоволиме со петтото, пред незгодната Андора.