Деновиве во Охрид се врши нумеричко обележување на сијалничните места во јавното улично осветлување. Нив, според информациите на локалната самоуправа ги има околу 7.000. Сите ќе добијат прегледни и прикладни ознаки.

-Тоа значи дека секое сијалично место  (бандера) добива нумерички број кој ќе биде од помош и практично за регистрирање на дефекти или најчесто точно пријавување од страна на граѓаните за прегорени сијалици или слични дефекти. Придобивката сега е во тоа што благодарение на нумеричкото обележување конкртетно ќе се знае точно на која бандера во една улица или потесен простор треба да се интервенира.  Тоа ќе придонесе и до одредени заштеди за општината бидејќи ќе постои точна и ажурна евиденција на кое сијалично место се интервенирало, се заменила сијалицата и кога , за да не се дозволи и натаму досегашната појава на крадење вакви сијалици или намерно и насилно (а не пријавено) уништување на сијаличните места и сијалиците., објаснуваат од локалната самоуправа

Нумеричкото обележување е веќе завршено на околу 4.000 сијалични места во градот. Изведувачите најавуваат дека до крајот на оваа седмица нумерички ќе се обележат сите 7.000 сијалични места колку ги има во градот и приградските населби. Останатите 3.000 ознаки ќе се користат за нумеричко обележување на бандерите кои допрва ќе бидат поставувани како нови сијалични места, соопшти локалната самоуправа.

Ohridnews