Со натчовечки напори на дваесетина работници успеаја да ја приклучат струјата на сите реактори во нуклеарната централа во Фукушима.
 
Од компанијата „ТЕПКО“  предупредуваат дека кризата не е целосно надмината, но оти работите се движат во позитивна насока.

Приклучувањето на електрична енергија беше од исклучителна важност за да се стартува системот за ладење во нуклеарната централа, кој беше оштетен од земјотресот и разорното цунами, што предизвика топење на јадрата на реакторите и радијација.

Последиците од нуклеарната криза во Јапонија дополнително ќе се утврдуваат. Контаминирана е областа околу оштетената централа, а ветрот  радијацијата ја рашири и на другите континенти.

OhridNews