Џонс, еден од најстарите италијански ресторани во Њујорк, ја прослави 100 годишнината така што артиклите на менито имале иста цена како во 1908 година.


Шпагети со морски плодови биле 50 центи наместо 10,95 долари колку што чинат денес, пиле на ловечки начин 75 центи наместо сегашни 15,95 долари, а чаша каберне 50 центи наместо 6,50 долари. Така сите заинтересирани вчера, помеѓу 11 и 16 часот, можеа да ручаат за нешто помалку од 1 долар.