Како што пренесува „Макфакс“, авторот во воведот на текстот пишува дека Бугарите во Македонците гледаат Бугарија, кој говорат со акцент. Србија го користи терминот за државата Јужна Србија и одбива да ја признае автономноста на црква, а Грција обвинува за крадење на името, идентитетот и националните симболи.
Во прецизно дефинира демонстрација на политичко и цивилно инженерство, работниците на централниот плоштад во главниот град Скопје ја поставија 14,5 метри високата бронзена статуа на Александар Велики, тешка 30 тони на 15 метри високиот пиедестал, се наведува во текстот.
„Ова е начин Македонија да го афирмира своето национално постоење“, вели Василики Неофотицос, антрополог на државниот универзитет Њујорк во градот Бафало, кој го проучува политичкиот идентитет на Македонија.
„Македонија на овој начин сака да ја унапреди тезата дека ова е камен-темелникот на западната цивилизација“, смета Неофотицос.
Повеќе нема филозофска дилема. Македонија се наоѓа во најтешкиот пост-комунистички период. Грција веќе 20 години ги држи во заложништво нејзините меѓународни односи, бидејќи смета дека името Македонија припаѓа на хеленскиот идентитет и дека грчката северна провинција го носи тоа име.
Ако неможе да има богатство, Македонија, држава со 31 отсто стапка на невработеност, сака биде призната. Играњето на картата на наоѓање на врски со антички глобална славна личност, им импонира на луѓето, кои што се чувствуваат маргинализирани со векови.
„Ние сме многу горди на Александар“, вели Петко Божиновски (48), облечен во црна маица со македонско знаме, аплаудирајќи заедно со неколку стотина лица на поставувањето на споменик во вторникот.
„Конечно, нашиот Александар се врати во својата татковина“, додаде Петковски.
Проектот е контроверзен, чини 9,4 милиони евра, односно 13 милиони долари. Но, некои работи се бесценети, велат фановите на споменикот.
На Македонија и беше ветен прием во НАТО во 2008 година, но Грција стави вето поради нерешениот спор со името. Во 2005 година, Македонија исто така доби кандидатски статус за влез во Европската унија, но се уште нема добиено датум за старт на преговорите, поради противењето на Грција.
„Зошто ние би требале да го смениме името заради Грција?“, вели Алекс Трајановски пензиониран дипломат, кој додава дека Македонија е призната под уставното име од 135 држави.
Грција е подеднакво тврдоглава. Новиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис на своите помошници им рече дека поставувањето на споменикот ќе биде една од главните точки во надворешната политика и оцени дека станува збор за провокација која предизвика иредентизам и е најголема закана за Балканот.
Њујорк тајмс во текстот ги информира читателите за историјата на спорот околу името, како и за тужбата што ја покрена Македонија пред меѓународниот суд.
извор: „Макфакс“