Авион кој требаше да лета кон Буенос Аирес се запали во текот на полетувањето на аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк. Претставници на аеродромот наведоа дека нема повредени патници и дека ситуацијата е под контрола. На местото на незгодата веднаш пристигнале противпожарни екипи, од моторот на авионот се ширел голем пламен.
Противпожарните служби на Њујорк потврдија на нивниот Твитер дека нивни тимови биле ангажирани на аеродромот по дојавата за пожар во леталото. Патничка која седела во соседниот авион на пистата на Твитер објави фотографии од пожар. Претставник на аеродромските власти, потврди дека пилотот на летот на Argentina Airlines пријавил пожар на моторот пред полетувањето.
OhridNews
извор Макфакс