Откако еден пингвин и едно соѕвездие добија име по Дејвид Боуви, легендарниот британски музичар доби уште едно големо признание за своите заслуги во светот на музиката. Имено, Њујорк, градот во кој мина 20 години од својот живот, го прогласи 20 јануари за Ден на Дејвид Боуви.
Како што пренесуваат светските медиуми, Денот на Дејвид Боуви официјално го прогласи градоначалникот на Њујорк Бил де Балазио после завршувањето на последната изведба на мјузиклот Лазарус, на кој славниот рокер работеше до последниот ден од својот живот. Боуви во Њујорк живееше повеќе од 20 години, подолго отколку било кое друго место. Често имал обичај да вели дека се чувствува како Њујорчанец.