Њујорк во скора иднина би требало да го добие својот прв пловечки парк. Изградбата на овој зелен остров од 2,7 хектари во самото срце на Њујорк, на кој покрај зелените површини ќе бидат подигнати е три сали и еден амфитеатар со 800 места, ќе чини 170 милиони долари, а поголемиот дел од проектот ќе го финансира американскиот милијардер Бери Дилер, поранешниот сопственик на филмското студио „Парамаунт“.
Футуристичкиот, пловечки парк “Pier 55”, кој го осмислил и дизајнирал архитектот Томас Хотервик, ќе почне да се гради во 2016 година, на брегот на реката Хадсон, на Менхетн. Како што пренесуваат американските медиуми, Њујорчаните ќе можат во него да уживаат за четири години.