Околу 400 нудисти, кои минатиот викенд се собрале на една плажа во Велика Британија, поставиле нов светски рекорд во масовно капење. Нивната цел била да го соборат досегашниот рекорд од 250 капачи, но и да соберат 12 илјади фунти во хуманитарни цели. Масовното капење било одржано на плажата Росили на полуостровот Гауер, на југот од Велс. За да го постават новиот рекорд капачите морале да останат во вода најмалку 10 минути.


Времето било убаво, а морето било топло. Организаторката на настанот, Алисон Пауел истакнала дека никој од пријавените не го откажал своето доаѓање. Таа објаснила дека ја избрала плажата Росили поради својата релативна изолираност. Не сакале оние кои шетаат по плажите да се срамат поради нив.