Туристите кои преферираат нудизам ќе можат од наредната седмица слободно да се сончаат и на турското крајбрежје, соопштија турските медиуми. Тие пишуваат дека на први мај ќе биде отворен првиот турски нудистички хотел, кој ќе биде наменет исклучиво за странци.


Ќе биде сместен во близина на летувалиштето Мармарис, што претставува вистинска мала револуција за турското конзервативно општество. Нудизмот ќе биде дозволен на плажите на хотелот, но не и на јавните плажи, соопштил менаџерот за продажба на хотелот.