Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид го започнува кино репертоарот со проекција на македонскиот филм „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафироски.


“Ефектот на среќа” е урбана драма што ја обработува темата за универзалната потрага по среќата. Улогите ги толкуваат Дејана Попоска, Сашко Коцев, Ана Стојановска, Сара Анастасовска, Петре Арсовски, Мими Таневска и Јовица Михајловски.
Како што информираат од Центарот за култура кино проекции ќе има во среда (03.11.2021) ,четврток (04.11.2021) и петок (05.11.2021) година со почеток 19.00 часот.

Картите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Проекцијата ќе се одвива согласно здравствените протоколи, со ограничен број на публика. Оние кои сакаат да присуствуваат потребно е да приложат  сертификат/потврда за извршена имунизација со две дози на вакцина против КОВИД-19, сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст, информираат од НУЦК „Григор Прличев“. 

OhridNews