Директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје, д-р Иван К. Заров, бил официјален претставник на Република Македонија на 29-та конференција на директорите на Националните библиотеки од Европа „CENL“ која се одржувала во Берн, Швајцарија од 18 и 19 мај 2015 година.

На конференцијата бил избран нов претседател на бордот на „CENL“. Досегашниот претседател Бруно Расин, директор на Француската Национална библиотека го отстапил местото на новоизбраниот претседател на „CENL“ Роли Китинг актуелен директор на Британската библиотека, со мандат да ја води „CENL“ во следните четири години.

На конференцијата се разгледувале и стратешките приритети за развој на „CENL“ за периодот од 2015-2018, модалитети на ажурирање и имплементирање на процесот на дигитализација, регулирање на прекуграничните авторски права, соработката со федерацијата на европски издавачи, меѓународниот стандарден идентификатор на имиња (ISNI), како и поддршка за прераснување на Европската Библиотека (The European Library) во доминантен дигитален сервис кои перманентно би се ажурирал со податоци од сите европски библиотеки и би бил достапен за огромен меѓународен аудиториум.

OhridNews