По повод Европските денови на културното наследство 2024, и одбележувањето на 70 години од усвојување на Европската културна конвенција (Париз 1954), НУ Завод и Музеј Охрид се приклучува кон одбележувањето со промоција на книга од Академик Проф Др Мигуел Џон Вершлаус со наслов „Вкоренет космополитизам, наследство и прашањето за припадност“ (Rooted Cosmopolitanism, Heritage and the Question of Belonging).
Книгата ќе биде промовирана од страна на Проф. д-р Сашо Коруновски во диалог со Амбасадорот Проф. д-р Љубен Тевдовски и М-р Горан Патчев.
Академик Проф. д-р Мигуел Џон Вершлаус е редовен професор и раководител на Катедрата за класична и медитеранска археологија, како и повеќегодишен директор на Докторските студии на Факултетот за археологија на Универзитетот Лајден.
Оваа книга ја истражува аналитичката и практичната вредност на поимот „вкоренет космополитизам“ за областа на културното наследство, посочуваат од НУ Завод и Музеј Охрид.
Промоцијата ќе се одвива во „Куќата на Робевци“ (ширван) денес од 18 часот до 20 часот, во соработка со „Охридската Академија на Хуманизмот“ и „Институт за Културно Наследство и Археологија – Institute of Cultural Heritage and Archaeology (ICHA)“.
OhridNews