Вооружен напаѓач влегол во библиотеката во градот Кловис, во американската сојузна држава Њу Мексико, а според извештаите на локалните медиуми застрелел шест лица. Одредени медиуми јавија дека напаѓачот е уапсен, но засега нема потврда за оваа информација. Мотивите за нападот не се познати.
Локалните медиуми објавија дека непозмат маж влегол во библиотеката во Кловис и започнал да пука во луѓето. Одредени медиуми тврдат дека загинале шест лица, додека други медиуми објавија дека смртно страдале најмалку две лица.
OhridNews
Макфакс