Фудбалерот на Бенфика, Дарвин Нуњез договори трансфер во Ливерпул. Според новинарот Фабрицио Романо, напаѓачот ќе потпише договор со англискиот клуб за период од шест години – ќе важи до јуни 2028 година.

Условите на договорот се прифатени од двете страни. Сега 22-годишниот е во Шпанија со својот агент. Го чека моментот кога клубовите ќе дадат зелено светло за трансферот. После тоа, напаѓачот ќе одлета за Англија. Ова може да се случи веќе утре.

Претходно беше објавено дека Ливерпул и Бенфика се договориле за трансфер на Уругваецот за 80+20 милиони евра.

Нуњез сезоната 2021/22 настапи на 41 натпревар за Бенфика во сите натпреварувања постигна 34 гола и имаше 4 асистенции. против Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампионите даде два гола.

OhridNews