НУ Библиотека „Григор Прличев“ во соработка со Лајонс клубот „Деница“ од Охрид во текот на оваа 2025 година преку проект поддржан од Министерството за култура планира да реализира повеќе средби со активистки, но и други заинтересирани граѓани.
На трибините под наслов „За поубав свет“ ќе се обработуваат теми од животот и секојдневието користејќи ги личните искуства на присутните но и предавања на стручни и компетентни лица. Темите ќе бидат сврзани со читањето книги, односот меѓу родителите и децата, односот кон професионалните заболувања, одбележување на разни годишнини сврзани со личности од Охрид, односот на луѓето кон лицата со посебни потреби итн., информираат од Библиотеката.
Посочуваат дека деновиве ќе биде и потпишан Меморандум за соработка, а првата трибина е закажана за 11 март во 12.30 часот на тема: „Женското здравје и менопаузата“ каде предавач ќе биде д-р Катерина Попоска, гинеколог во Општа болница – Охрид.
Трибината, велат, е бесплатна и отворена за сите, а ќе се одржи во „Прличевата одаја“ во библиотеката.
OhridNews