„Во неговото соопштение од 02. декември 2009 година, Томислав Тунтев не нагласи дека имало било какви проблеми во донесувањето на одлуката , напротив даде позитивно образложение за тројцата кандидати“ се наведува во партиското соопштение на НСДП. Во продолжение партијата ги коментира и причините за оставката на Тунтев:
„ОО НСДП – Охрид , смета дека не е спорна неговата оставка како личен чин туку веројатноста дека истата е донесена под политички притисок, заради направениот избор .
Доколку претседателот не се согласувал со текот на изборот можел поинаку да реагира, да ја прекини работата на седницата или тогаш да се консултирал со неговите политички ментори и сл.
ОО НСДП – Охрид исто така смета дека политичките партии кои го растураат чинот на доделување на наградата не водат сметка за чуствата на наградените личности и нивните потесни семејства , ниту за значењето на оваа престижна награда. ОО НСДП – Охрид го поддржува изборот на номинираните кандидати , затоа што смета дека комисијата има полно, самостојно право да носи одлуки и да одлучува и го повикува Советот на општина Охрид да ги додели наградите“, се наведува во соопштението на ОО НСДП – Охрид.