Коле Наумоски – дипломиран сточарски инженер од село Лешани е избран за претседател на општинската организација на НСДП – Дебрца. На основачката Конференција на иницијативниот одбор за Општина Дебрца избрани биле и другите тела на партискиот огранок.
На Конференцијата присуствувале претседателот на НСДП Тито Петковски и претседателот на огранокот на партијата во Охрид Ацо Попоски. Притоа лидерот Петковски го повторил ставот за самостоен настап на НСДП на претстојните локални избори, потенцирајки дека во Охрид и Дебрца партијата ќе излезе со сопствена советничка листа и со сопствен кандидат за градоначалник.