Општинската организација на НСДП распиша внатрепартиски избори за претседател и нови органи на огранокот на партијата. На последната седница Извршниот одбор на ОО НСДП – Охрид донел и одлука да отпочне поактивни подготовки за евентуални предвремени избори.

–  Извршниот одбор донесе повеќе одлуки меѓу кои и одлука за распишување на внатрепартиски избори за сите органи и тела на партијата (избор на нов претседател на ОО – НСДП – Охрид, нов изрвшен одбор, нов надзорен одбор, претседател на НСДМ – Охрид,ООЖ, претседатели на месни организации и тн.). Извршниот одбор го задолжи секретарот Стевчо Ристески да раководи во наредниот период со постапката на изборниот процес во согласност со статусот на партијата, а постапката треба да се заврши во рок од еден месец, информираат од ОО НСДП – Охрид.

OhridNews