Пратеничката група на НСДП, ЛП и НА денеска побара да се организира лидерска средба со сите парламентарни партии, на која ќе се договори датумот и изборните правила за одржување на предвремените парламентарни избори.

„Бидејќи претседателот на Собранието се раководи од препораките на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и не си ја почитува сопствената уставна позиција, предлагаме да се прекине театарот во Собранието каде што се глуми институционален дијалог и да се организира лидерска средба со сите парламентарни партии, на која што ќе се договори датумот и изборните правила за одржување на предвремените парламентарни избори“, рече Горан Мисовски од НСДП, заменик- координатор на пратеничката група.

Тој соопшти дека пратеничката група нема да биде дел од денешната координациска средба кај собранискиот спикер Вељаноски, а како причина за тоа ги наведе неисполнувањето на условите на опозицијата од страна на владејачкото мнозинство.

OhridNews
извор: Makfaks