Советничката група на НСДП,  поднесе барање до претседателот на Советот на Општина Охрид итно да закаже вонредна седница на Советот на која ќе биде разгледан Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност во општина Охрид, како и за утврдување на  соодветни мерки за елиминирање на девијантните појави кои ја загрозуваат безебдноста на граѓаните.

– Советничката група на НСДП Охрид поради немилиот настан каде што животот го загуби граѓанин на Р. Србија и постојаните нарушувања на јавниот ред и мир во летниот период, бара под итно да закажете вонредна седница на Советот на Општина Охрид, се вели во барањето упатено до претседателот на Советот Душко Јаковчески, потпишано од советниците: Верица Хајба, Драган Пандевски и Љупчо Настоски.

Инаку Советот на Општина Охрид во понеделник ќе одржи редовна седница на која на дневен ред ќе се најдат педесетина точки.

OhridNews