Американската национална безбедносна агенција (НСА) на своите интернет страници објави документи кои, според некои извори, недвосмислено потврдуваат постоење на интелегенција надвор од планетата Земја, пренесува „Макфакс“.

 Меѓудругото, НСА во документите објави содржина на 29 пораки примени по пат на сателитската мрежа, пренесуваат агенциите. Делови од пораките се декодирани, и тие, наводно, во себе  содржат равенки и периодниот систем на елементи, за кои научниците не знаат што точно можат да значат.


Иако датумите на самите документи се цензурирани, се претпоставува дека документите потекнуваат од периодот пред април 2004 година. Исто така се претпоставува дека на нивното дешифрирање работел д-р. Хауард Х. Капењ, еден од најдобрите светски криптографи.

Интернет страницата „ ufodigest.com“, која се повикува на изјава на неименуван пензиониран агент на НСА, пренесува дека начинот на кој се напишани документите недвосмислено покажува на постоење на интелегенција надвор од нашата планета.

Документите можат да се видат и на официјалните веб страници на НСА.

OhridNews
извор:„Макфакс“