Во присуство на вработените на паркот, претставници на локалната самоуправа од Ресен и од месната заедница на с.Стење, вчера  започнаа работите за реконстрикција на поранешната полициска станица со што ЈУНП Галичица ќе го добие вториот информативен центар во своите граници.


Овој центар се наоѓа на стратешка позиција на главниот пат на само два километри од албанската граница, на самиот влез од Стење. На површина од 200 метри квадратни ќе бидат сместени канцелариите на вработените од паркот на овој дел меѓутоа во него своја канцеларија ќе има и локалната самоуправа од Ресен. Останатиот дел ќе биде преуреден во центар за посетители, ќе има простор за продажба на сувенири,а исто така објектот ќе поседува и сала за изложби.


Тука во иднина посетителите ќе можат да добиваат високо квалитетни информации како за паркот така и за самата општина но и за биосверниот резерват Преспа парк кој опфаќа површина и во Грција и Албанија.


Се очекува рабоите да завршат негде пред нова година а со тоа и свечено овој Центар да биде пуштен во употреба.

OhridNews