НП Галичица во наредните десет години активно ќе работи на трансформација во самоодржлива установа која главниот извор на средства за опстојување ќе го црпи од алтернатиовни извори наместо досегашната пракса во најголем дел тоа да се врши од експлоатација на шумското богатсво.
– Една од основните цели во планот за управување на кој работиме веќе една и пол година е да го ослободиме притисокот врз екосистемите, особено врз шумите и да изнајдиме алтрнативни приходи за натамошен развој на Националниот парк „Галичица“, изјави директорот на ЈНУНП „Галичица“ Зоран Ангелоски.
Во наредните 10 години ќе се утврдуваат насоките на развојот на националниот парк, согласно препораките на меѓународната унија за заштита на природата IUCN / WCPA .
– Националниот парк „Галичица“ во иднина ќе претставува дел од поширокиот амбиент што ќе придонесе во целокупниот регионален развој и усвојувањето на менаџмент планот претставува важен чекор во таа насока, истакна Стиг Јохансон, заменик претседавач со меѓународната унија за заштита на природата.
Претставници на IUCN / WCPA – меѓународната унија за заштита на природата, на покана на НП „Галичица“ престојуваат во Охрид за да ја проценат состојбата со критичните прашања во врска со визијата и целите на управување со Националниот парк, како и да ги утврдат насоките на идното финснсирање на јавната институција.
Ohridnews