Главна цел на проектот е да го поддржи паркот во промена на фокусот од оддржливо користење на шумите, кон интегрално управување со заштита на природата. За таа цел јавната установа го подготвува својот прв интегриран план за управување, предвиден со Закон за Заштита на Природата на Република Македонија.
На покана на НП „Гличица“ за прв пат во Република Македонија, во експертска мисија ќе допатуваат претставници на IUCN / WCPA -меѓународната унија за заштита на природата, која помага да се најдат прагматични решенија за сé поголемиот притисок врз животната средина и развојните предизвици. Таа поддржува научни истражувања, раководи со проекти низ целиот свет, поврзувајќи ги Владите, невладините организации, агенциите на Обединетите нации, претпријатија и локалните заедници во развојот на политиките за спроведување на проектите, законите и најдобрите практики. Унијата е најстарата и најголема глобална мрежа за животната средина со демократско членство на повеќе од 1.000 владини и невладини членки и речиси 11.000 научници – волонтери во повеќе од 160 земји. Седиштето на
За време на мисијата ќе се разгледа и оцени состојбата со критичните прашања во врска со визијата и целите на управување со Националниот парк Галичица, како и посебните прашања за финасирањето на јавна институција, зонирањето, користење на земјиштето и природните ресурси, информираат од НП „Галичица“.