Пожарот што вчера го зафати подножјето на планината Петрино е под целосна контрола, информираат од Националниот парк Галичица.

-Од време на време во жариштето на пожарот има појава на чад, но границите на пожариштето се под целосна контрола. Стравуваме од ветрот кој на вака високи температури не ни е сојузник, но се надеваме дека времето ќе не послужи и огнот нема повторно да се разгори.-рече Наумче Новески, раководител на секторот за прожари при НП Галичица.

На терен постојано има дежурни екипи под целосна опрема, кои се менуваат. И вечерва пожариштето внимателно ќе биде надгледувано, а дежурства ќе има се додека за тоа има потреба, додаде Новески.

Причините за пожарот кој изби на две места во близина на далноводите кои го снабдуваат Охрид со електрична енергија, се уште не се познати. Дали се работи за некаков дефект на електричната инсталација, човечки фактор или друга причина, треба да открие истрагата која ќе уследи.

OhridNews

 

http://www.ohridnews.com/vesti/86238