Новата карта за степен на загрозеност од пожари
Оваа технологија која се применува во многу области во светот НП Галичица ја воведува меѓу првите во Македонија во својата област. Таа заедно со останатите мерки треба да овозможат поефикасна заштита на природното наследство од пожари, вели шумарскиот инженер, Наумче Новески.
Наумче Новески
Новески информираше дека со дождот и падот на температурите се намалува и опасноста од пожари, напоменувајќи дека со покачување на температурите ќе продолжат секојдневните патроли на теренот. Тој истакна дека и натаму на сила е забрана за движење без дозвола и дека оваа мерка засега ја почитуваат сите посетители на паркот. Сите кои нема да ја почитуваат забраната и бидат затекнати непријавени
во националниот парк ризикуваат парична казна од 1200 до 2000 евра.
вели Новески. Покрај овие мерки се организираат и редовни средби со локалното население, а управата на паркот е и во постојан контакт со општинското и државното координативно тело за заштита од пожари, изјави Новески.