Наумче Џајкоски, е избран за прв претседател на Форумот за животна средина на НП Галичица, во кој членуваат претставници на локалното население кое живее во населените места во границите на националниот парк.

На состанокот помеѓу претставниците на јавната установа НП „Галичица“ и месното население станало збор и за содржината на информативните табли, кои ќе се постават во населените места на територијата на Паркот. Целта е преку нив посетителите на паркот и локалното население да се запознаат со вредностите на ова природно богатство.

Ohridnews