На локалитетот Студенчишта, денеска свечено ќе биде означен почетокот на градежните работи за изградба на деловно-информативен центар на Националниот парк „Галичица“.

– Со изградбата на објектот значително ќе се подобрат условите за работа на службите на установата, а за посетителите на паркот ќе се отворат нови можности да научат повеќе за неговите природни и културни вредности и да имаат посодржаен и попријатен престој, информираат од НП „Галичица“.

Инвестицијата од околу 200.000 евра се реализира со финансика поддршка од италијанското Министерство за надворешни работи и италијанската невладина организација Centro Regionale D’Intervento per la Cooperazione (CRIC).

На чинот на поставувањето на  камен-темелникот на новиот објект ќе присуствуваат Донатино Макрон, Aмбасадор на Република Италија, како и вицепремиерот  Зоран Ставрески и министрите Неџати Јакупи и Гордана Јанкулоска.

Ohridnews