Националниот парк Галичица продолжува со имплементација на проектот за интегрално управување и заштита на ова ретко природно богатство. Главниот акцент на проектот кој е поддржан од германската КФВ банка е ставен на развој на план за управување, бизнис план, план за шумите и план за развој на туризмот, како и нивното спроведување. За остварување на ова цел реализирани се повеќе истражувања на флората и фауната, како и на туристичките потенцијали на националниот парк.


Овој проект е дел на прекуграничната програма за воспоставување на Биосверниот резерват околу Преспанското Езеро. На тој начин проектот ќе помогне да бидат обезбеди инструменти за долгорочно интегрално управување со природните ресурси на паркот, информираат од јавната установа.



Во рамки на реализацијата на проектот вчера се одржа вториот состанок на проектниот Комитет и четвртиот состанок на проширениот тим за планирање на кои беа изнесени визиите за развој на националниот парк Галичица.

Ohridnews