Акцијата трае веќе неколку дена со отстранување на депониите низ целиот парк од потегот на село Рамне до Св.Наум. За оваа акција ангажирано е ЈП Комуналец од Охрид, а кон акцијата се приклучи и ЈП Македонија Пат, информираат од НП Галичица.
Во границите на паркот лоцирани се повеќе диви депинии од цврст отпад кои ќе бидат опфатени со акцијата на јавните претпријатија.