Оливер Аврамоски( асистент за проекти при ЈУНПГ Галичица) и Наумче Новески ( раководител на шумски екосистеми ЈУНПГ Галичица) како и Робертина Брајаноска ( МЗЖСПП) и Диме Мелоски (претставник на МЕД ) успешно ја завршија обуката и се стекнаа со сертификати за меѓународни предавачи на курсот во рамките на проектот “Коминикација за заштита на природата“, соопшти националната установа.
НП Галичица доби меѓународни предавачи
Четворицата македонски претставници заедно со преставници од Хрватска од 08 до 10 април во седиштето на ЕЦНЦ ( Европски Центар за заштита на природата ) во Тилбург ( Холандија) присуствуваа на курсот “Комуникација за заштита на природата“ со што започна третата – завршна фаза на овој проект. На овој курс предавачите се стекнаа со знаење кое ќе биде пренесено во Македонија во однос на комуникацијата за подобрување на заштитата на природата.
експертите од НП Галичица споделуваат светски искуства
Токму, на крајот на мај следува вториот чекор од третата фаза на овој проект, на кој преку овие предавачи ќе бидат пренесени, до сите инволвирани во заштита на прородата, искуства од различни аспекти на комуникација и интерактивно креирање на политики: основи на комуникација, управување со природата и улогата на комуникацијата, планирање и управување, решавање на конфликтни ситуации и процеси за олеснување. На крајот од третата фаза, а со тоа е и крајот на овој проект кој е помогнат од ЕЦНЦ и МЗЖСПП на РМ, ке се одберат 7-8 претставници од Македонија кои заедно со одбраните претставници на Хрватска, во Маврово во текот на месец септември, ќе го посетуваат напредниот курс на кој ќе се стекнат со соодветен сертификат за познавање на комуникацијата за заштита на природата.
ohridnews