Во рамки на Artist in Residence програмата LOOP/PROSPER: Prototype for Sustainable residencies in Peripheries која се случува месецов во Охрид, НП „Галичица“ беше домаќин на неколку уметници од различни земји.
Во фокусот беа ставени заштитените подрачја во нашата земја, работата на Националниот парк „Галичица“, неговите предизвици и закани, информираат од Установата.
Потенцираат дека преку прошетка по едукативната патека, на уметниците им биле претставени природните и културните вредности на НП „ Галичица“ и секојдевната работа на еден биолог во НП Галичица.
OhridNews