Вечерва продолжува програмата за одбележување на 2-ри Август по повод јубилејот 120 години од Илинденското востание во организација на Општина Охрид.

Со почеток во 20 часот во рамки на „Ноќ спроти Илинден“ пред спомен обележјето не Илинденци во село Велгошти ќе биде положено свежо цвеќе, а историски осврт кон Илинденското востание и неговото значење ќе одржи м-р Михаил Патчев. Во рамки на настанот предвидена е и културно-уметничка програма.

Чествувањата продолжуваат и во текот на утрешниот ден кога ќе биде положено цвеќе пред спомен – обележјата на Илинденците и тоа од 10 часот во градскиот парк, од 10:20 часот кај Прентов мост и од 10:30 часот во селото Плаќе.

OhridNews