Обично со „ножички“ се постигнуваат спектакуларни погодоци но овој пат фудбалерот на Манчестер Сити Кајл Вокер ги искористи да спаси сигурен погодок на дуелот со Ливерпул во англискиот Супер куп. Дефанзивецот со пожртвуваната реакција ја расчисти топката од гол линијата и не дозволи промена на резултатот во корист на противникот.
#VIDEO | Le sauvetage de Kyle Walker à la fin du match. pic.twitter.com/FZI4pU9WGz
— MCFC French Branch (@ManCityFCFR) August 4, 2019
Мечот заврши без победник 1-1 а во пенал рулетот подобар беше Манчестер Сити, кој ја зграпчи првата титула во новата сезона во англискиот фудбал.
OhridNews