Властите во Нов Зеланд објавиле попис на забранети имиња кои родителите сакале да им ги дадат на своите деца, а меѓу нив се нашле имиња како Луцифер и Mafia No Fear, јавиле странските новински агенции.

На пописот од 77 необични имиња исто така биле Анал, 4Real и Кралицата Викторија. На некои родители не им било до тоа да се замраат со изборот на имиња за своите деца, па на децата сакале да им дадат име како Втори, Трети или Петти. Правилникот на одделот за внатрешни работи исто така забранува имиња кои можат да бидат дел од службен назив, како Крал, Војвода или Принцеза.