Прво правило кое се менува во 2022 година е во врска со гумите. Оваа година возачите кои го поминуваат Q3 мора да ја започнат трката со оние гуми со кои имаат најдобар круг во Q2.
Уште минатата година голем дел од тимовите сметаа дека ова правило не е коректно и дека им дава предност на оние кои стартуваат надвор од првата десетка со самото тоа што имаат право да бираа гуми за старт.
Конечно FIA покажа сенс за приговорите на тимовите и го отфрлија ова правило за 2022 година. Ова значи дека и првите десет ќе можат да бираат со кои гуми ќе стартуваат на трката, а тоа ќе им овозможи поширока комбинација на стратегии како за пол позиција така и за трката.
OhridNews