„Трајан Целески – ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште, што свечено беше отворено вечерва во населбата Видобишта.

Сакам во оваа прилика уште еднаш да се заблагодарам до семејството Целески кои прифатија ова игралиште да биде именувано според нивиот син/брат, и што вечерва беа дел од отворањето, истакна градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Тој посака позитивната енергија и спортскиот дух кои ги имаше прерано починатиот Тачо да бидат присутни во новотворениот спортски објект и повторно од тука да се изродат спортски надежи.

Г.М.