Новото општинско раководство на СДСМ во Охрид ќе се бира во септември најави лидерот на партијата Радмила Шеќеринска при нејзината работна посета на Охрид.
Таа рече дека партијата намерно го одложила решавањето на ова прашање поради туристичката сезона во Охрид. „Охрид е туристички град и не сакавме во сезоната каде што сите охриѓани сакаат да видат и туристички бум и туристи и каде што можат да заработат и за другите месеци ние да се занимаваме со партиски работи. Тоа не чека сега од крајот на август и јас сум оптимист дека тие работи ќе се средат“, изјави Шеќеринска. Таа најави дека ќе се сретне со работната група задолжена за следење на состојбите во општинската организација по изборите за ново раководство што го поделија членството на СДСМ во Охрид.
Црвенковски не се враќа за претседател на СДСМ
Бранко Црвенковсски нема да се врати на чело на СДСМ по завршувањето на претседателскиот мандат, изјави во Охрид лидерот на најголемата опозициска партија Радмила Шеќеринска одговарајќи на се погласните шпекулации што на оваа тема кружат во јавноста.
Ова е една од многуте работи кои излегуваат од политичките кујни, смета претседателката на СДСМ. „Ако претходно главна шпекулација беше дали ова раковдство на СДСМ уживало или не доверба кај претседателот, ова е нова форма на шпекулации што ги пласираат кујни кои немаат друго што да прават . Претседателот Црвенковски извршува важна функција која му е приоритет и апсолутно не очекувам дека било какви проблеми и прашања во СДСМ ќе ги решаваме со надворешни инеккции“ рече Шеќеринска.
Бранко Црвенковски има успешен мандат како претседател на СДСМ, да сакаше да биде претседател на партија ќе останеше, напротив и негова и наша одлука како партија беше да се кандидира за претседател и има важна работа која ја врши на вистински начин, додаде Шеќеринска.
Г. Момироски