Деновиве заврши покривањето на новото мрестилиште на Хидробиолошкиот институт за одгледување на подмладокот на вештачки измрестената охридска патрмка. Реконструкцијата на инсталациите кои се изградени пред 73 години, тече според предвидениот план и се очекува мрестилиштето комплетно да биде завршено до април годинава.
градежните работи во Хидробиолошки се одвиваат според планот
Средствата се обезебедени со проект на институтот преку донација на Владата на кралството Норвешка во износ од околу 130.000 евра, а државата ќе донира дополнителни 23.000 евра, за изградба на биофилтер. На овој начин капацитетот на мрестилиштето се зголемува на 4,5 до 5 милиони единки подмладок на пастрмка кои во специјални услови се одгледуваат во период од 6, односно 9 месеци.
реконструкцијата треба да биде готова до април
Со реконструкцијата мрестилиштѕето на Хидробиолошкиот институт ќе се вброи во таканаречените високо опремени мрестилишта и ќе биде едно од најсовремените на Балканот.
Г. Момироски