Новото затворено мрестилиште на Хидробиолошкиот институт ќе биде функционално до крај на годината, изјави за Ohridnews, директорот на оваа научна установа, Гоце Костоски.
 
Објектот е комплетно изграден и затворен, а преостанува уште да се уреди внатрешноста каде ќе бидат изградени новите инсталации за вештачко одгледување на охридска пастрмка.


Средствата за овој проект се обезебедени со проект на институтот преку донација на Владата на кралството Норвешка во износ од околу 130.000 евра. Исто така од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство се ветени 23.000 евра, средства за изградба на биофилтер, односно мала езерска акумулација за пречистување на водите од мрестилиштето.


Со изградбата на овој објект,  капацитетот на мрестилиштето во Хидробиолошкиот институт се зголемува на 4,5 до 5 милиони единки подмладок на пастрмка и ќе биде едно од најсовремените на Балканот.

Г.Момироски