Танчерот Каспер Смарт, кој однеодамна се забавува со Џенифер Лопез, би можел да заврши во затвор поради бројните казни за сообраќајни прекршоци. Смарт би можел да биде осуден на 90 дена затвор поради тоа што повеќе пати возел со недозволена брзина и не се придржувал кон сообраќајните правила. Судејќи според полициските извештаи, тој исто така учествувал и во нелегални улични трки, а три пати бил фатен како вози без возачка дозвола.

Танчерот би требало да се појави пред судот на 5 јануари наредната година, а дотогаш имал обврска да одработи десет дена општокорисна работа. Медиумите се прашуваат дали Џенифер Лопез ќе му пружи поддршка на своето ново момче. Извор близок на пејачката тврди дека таа врската со Каспер не ја сваќа сериозно и сака само малку да се забавува.