Иако нејзината кариера сеуште е на чекање, Линдзи Лохан барем се посветила на здравиот начин на живот. Повеќе одмара, ужива, патува, и сето тоа е полесно во добро друштво. Таа се забавува во Грција на егзотичниот остров Миконос и тоа во друштво на згодно момче чие мускулесто тело е невозможно да не се забележи.

Aктерката свото тело го криела со проѕирна бела туника, но затоа нејзиниот нов пријател немал такви проблеми. Не е познато во каков однос се, но секако изгледаат доста блиски. Лохан долго нема филмски хит, но затоа се фрлила на пишување автобиографски книги во кои ќе открие се за своето тешко детство, славата, зависностите, но и за славните љубовници.