Има ли пилот во авионот? Оваа реплика од една многу позната комедија е како измислена за општите случувања кај нас. Урбанизмот е сферата околу која се кршат со години копјата помеѓу локалната и централната власт, архитектите и новопечените бизнисмени, граѓаните и локалните моќници. Кој победува не е тешко да се забележи.
Интензивната градба во последните неколку години како да кулминира уште повеќе. Се гради на секое слободно парче земја и на најмала површини, само да е во центарот. Колку поблиску до езерото, толку подобро. За последиците, е за тоа нека му ја мислат соседите позади, бројните вчудоневидени посетители и пред се генерациите кои доаѓаат бидејќи новото лице на Охрид кое сега се создава ќе ни остане за подолго време.
новото лице на кејот
Драстичен пример е градскиот кеј кој подолго време е претворен во вистинско градилиште. Нема локалција каде не се гради. Но како? Секој своја политика. Нема лимит, некој оди до бескрај во ширина, друг во висина, една со друга градбите немаат врска. Еден познат и признат охридски архитект во раговор пред неколку години ми рече: градот неповратно ја загуби својата афтентичност. Имаше ли право човекот?
кејот претворен во градилиште
Г. Момироски